И тоа се случи: Сметката од McDonalds му е буквално под кожа (ФОТО)

 

И когапомисливме дека ништо повеќе не може да не шокира, се случи ова. 18-годишно момче од Норвешка на својата рака си ја истетовирало сметката од ресторанот за брза храна Мекдоналдс, каде јадело со пријателите.

Момчето се шегувало со пријателите, па тие му дале да бира дали сака да истетовира барбика на задникот, или да истетовира сметка од ресторанот. Потоа, откако тинејџерот се одлучил за сметката, отишле во студиото за тетовирање "Sabelink Tattoo", па така момчето добило тетоважа каква што нема никој друг.

- Интересно е. Имам тетоважакаква што нема никој друг. Оригинално е. Можеби нема да ми биде волку забавно кога ќе имам 50-60 години, но сега навистина ми е мило што се истетовирав, вели момчето.

Погледнете ја неговата тетоважа...

28.03.2014 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега