Малезискиот авион се движел побрзо отколку што се мислело - нови информации од истрагата

 

Откако веќе неколку недели нема ниту трага од исчезнатиот малезиски авион со кој се превезуваа 239 патници, потрагата кога беше прекината во четвртокот поради лошите временски услови, повторно продолжи и даде нови информации за тоа каде би можел да биде авионот по кој трага целиот свет.

Потрагата сега продолжува кај Индискиот Океан, а се работи за подрачје 1.100 километри оддалечено од местото каде до сега трагаа тимовите. Новите радарски податоци говорат дека авионот се движел многу побрзо отколку штои се мислело. Потрагата продолжува на територија оддалечена 2.500 километри од Перт, Австралија, каде тимовите сметаа дека се наоѓа исчезнатиот авион.

Веќе со денови нема никакви информации за тоа каде се наоѓа авионот и што се случило со него. Неодамна излегоа информации дека е урнат и за жал се загинати сите патници од него.

28.03.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега