Млада девојка остана шокирана - фотографиите од Фејсбук и завршиле на оглас за проституција
Ако често прикачувате фотографии на социјалните мрежи бидете внимателни за да не ви се случи следното сценарио. Имено, Далас Милер, млада 21-годишна девојка од Америка се шокирала кога сфатила дека нејзина фотографија завршила на оглас за проституција.
Девојката сфатилашто се случува откако нејзин пријател и испратил линк од страницата Backpage.com. Најмалку десетина нејзини фотографии кои ги објавила на социјалната мрежа Фејсбук се нашле таму без нејзина дозвола и знаење.
- Се шокирав. Ова може да му се случи секому, не само мене. Останав запрепастена, вели младата девојка.
Полицијата е известена за случајот, но вели дека овие случаи тешко се решеваат бидејќи хакерите користат различни IP адреси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа