Српска фолкерка се отвори: Со автомобилот удрив во ѕид за да се смирам со сопругот!
Во нервоза сите знаеме да направиме некаква глупост, но српската пејачка Стоја отишла малку предалеку. Пејачката за емисија која се емитува на телевизијата Хепи, се отвори и призна дека тешко и паѓа кога ќе се скара со спругот, поради што еднаш откако имале расправија, намерно со автомобилот завршила во ѕид.
Според зборовите на Стоја, по таа расправија веќе немала што да прави, па морала да се повреди за да се смири со него.
- Немав што да правам па со автомобилот удрив во ѕид. Знаев дека нема да остане рамнодушен на тоа. Морав нешто да направам, вели пејачката.
Фолкерката додава дека тоа и упалило бидејќи сопругот веднаш дотрчал кај неа и се смириле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа