Уште една трагедија: Се сруши авион кој трагаше по исчезнатиот малезиски авион
Уште една несреќа поврзана со исчезнатиот малезиски авион. Овој пат авион на индиското воздухопловство, AC-130J Herkules, со пет членови на екипажот се сруши откако започна потрага по малезискиот авион од кој нема ниту трага.
Капетанот Џерард Галвеј изјавил дека спасувачката акција е во тек: - Акцијата е во тек, сеобидуваме да откриеме дали има жртви и колку, вели тој.
Од друга страна, индиската телевизија NDTV објави дека во несреќата загинале сите пет членови на екипажот кои биле во авионот.
За потсетување, веќе со денови не се знае што се случило со малезискиот авион со кој се превезуваа вкупно 239 патници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа