Пакистански Христијанин осуден на смрт - го навредил пророкот Мухамед

 

Суд во Лахор му изрече смрттна казна на пакистански Христијанин бидејќи го навредил пророкот Мухамед.

Се работи за Саван Мазих од Пакистан кој ја доби оваа пресуда во затвор каде се одржа судскиот претрес од страв дека може да биде нападнат на пат кон судот. Тој во текот на минатат година кажал лоши зборови за пророкот Мухамед по што веднаш бил приведен од страна на полицијата, а потоа гневна толпа луѓе му ја запалија куќата.

Во Пакистан досега не е егзекутирано ниту едно лице според законот за богохулство, но често пати гневни толпи луѓе нештата ги земаат во свои раце и ги убиваат оние кои им ги навредуваат верските чувства.

 

28.03.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега