Грција почна да издава визи во косовските пасоши

Шефот на Грчката канцеларија за врски во Приштина, Димитрис Москопулос на министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај му даде грчка виза, со што симболично Грција почна да става визи во пасошите издадени од косовските власти.

- На почетокот за граѓаните на Косово им издававме виза на посебен лист, но тоа создаваше конфузија. Министерот Хоџај минатата година беше во посета на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и побара визите за граѓаните на Косово да бидат во пасошите. Сега оваа виза е валидна за целата Шенген зона, освен за Шпанија, изјави Москопулос, пренесе МИА.

 Хоџај рече дека и покрај фактот што „Грција не го призна Косово, меѓу двете земји постои многу добра институционална соработка“.

Министерството за надворешни работи во Атина на 14 март реагираше на критиките во грчките медиуми откако Венизелос со официјално писмо и дозволи на конзуларната служба на Грција да става визи и печати во пасошите на „Република Косово“, иако Грција не ја признава земјата.

 

28.03.2014 - 09:14
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега