Следната транша за Грција ќе биде повисока од досегашните

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ќе има состанок во мај на кој ќе одобри исплата на следната транша од помошта за Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, се уште нема одредено датум за состанокот, но овој пат Грција би можела да добие повеќе помош од вообичаено.

- Со оглед на тоа што некои од проценките се одолжија, ќе има прераспределба на ратите за Грција. Претпоставувам дека траншата ќе биде повисока, бидејќи има празнини меѓу проценките, изјави портпаролот на ММФ Вилијам Мареј.

28.03.2014 - 09:10
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа