Внимавајте: Полицијата демне - еве што се случувало вчера на скопските улици

Полицијата демне на улиците во Скопје. Во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 32 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи на мопеди и мотоцикли, шест возачи што поминале на црвено светло на крстосниците.

Исто така, во текот на вчерашниот ден тројца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале возилата под влијание на алкохол. Исклучени се и три возила поради констатирана техничка неисправност, а тројца возачи се санкционирани затоа што не отстапиле предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

27.03.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега