Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Романија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтерова скала е регистриран синоќа во реон Вранча во Романија, на длабочина од 200 километри под површината на земјата, соопшти денеска романскиот Национален институт за геофизика.

Епицентарот на потресот бил во близина на градовите Сфинту Георге, Фокшан и Онешт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Ова е најсилниот земјотрес во овој реон годинава, откако на 23 јануари е регистриран потрес со интензитет од 4,7 степени.

 

 

27.03.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега