Дибиров: На почетокот не гледав ништо, но сега сум добро

Најефикасниот играч на македонскиот шампион во Лигата на шампиони, Тимур Дибиров, се рехабилитира во својот дом, од повредата на окото која ја здоби по некоректниот потег на играчот на Хамбург Паскал Хенс. 

Почетните проценки на лекарите беа дека играчот ќе мора да паузира околу три недели. Дибиров кој со нетрпение чека да се врати на ракометните терени, изјави дека е задоволен од напредокот од неговото закрепнување, но исто така е свесен дека ова е машки спорт во кој ваквите повреди не се реткост. 

-Тоа што ми се случи воопшто не е убаво, но ова е спорт и нормално е да се случуваат вакви работи. Во првите моменти не гледав ништо и тоа многу ме загрижи, но кога почна да делува терапијата, видот полека ми се врати во нормала. Првата ноќ имав големи болки, но сега гледам најнормално, се чуствувам одлично и веќе не ме боли окото. Жалам што не можам да му помогнам на Вардар на реваншот во Германија. Но, најважно е дека се помина како што треба и не му давам никакво значење на тоа што се случи, туку се фокусирам на идните настапи” -  изјави Дибиров.

Извор: rkvardar.mk

26.03.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега