ДИК го заклучи Избирачкиот список - ќе гласаат 1.779.572 граѓани

 

ДИК денеска го заклучи Избирачкиот список. Право на глас на претстојните избори ќе имаат 1.779.572 гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

Претседателот на ДИК Никола Рилковски соопшти дека во посебните избирачки списоци се запишани 1.707.228 гласачи, на привремена работа во странство се 70.305, а од нив 8.332 се пријавиле да гласаат во дипломатско конзуларните претставништа. И тоа во избирачката единица „7“ што ги опфаќа европските земји и Африка се пријавени за гласање 5.892 македонски државјани, во изборната единица „8“ - Америка и Латинска Америка - 1.426 и во изборната единица „9“ Азија и Австралија - 1.014. Во избирачкиот список се запишани и 39 внатрешно раселени лица, а на 12 април на ден пред изборите ќе гласаат и 1.706 затвореници.

Рилковски соопшти дека на 13 гласачки места во странство нема да се одржи гласање бидејќи таму се пријавиле помалку од 10 македонски државјани за гласање и тоа во Каиро, Атина, Доха, Талин, Варшава, Солун, Будимпешта, Тел Авив, Москва, Мадрид, Киев, Осло, Њу Делхи. Своето право на глас нема да го остварат и 40 македонски државјани кои се наоѓаат на привремена работа или престој во странство.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи рече дека за гласање се пријавиле и 61 лице, македонски државјани со престој во странство кои не биле во избирачкиот список, а ги исполнувале сите услови за гласање.

 

26.03.2014 - 13:45
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега