Од Националниот парк „Галичица“ апелираат почитување на законите
Согласно Законот за шумарство, палењето стрништа е целосно забрането, а за прекршителите се предвидени парични казни од 1.500 до 3.000 евра за физички и до 8.000 евра за правни лица.
Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во ЈП "Национален пар- Галичица" изјави дека материјалните штети од двата пожари не се големи, но укажа на потребата од одговорно однесување.
- Доколку имаме појави на пожари во овој период од годината, што би се случувало во паркот во јули и август кога температурите се високи и доколку се имаат предвид метеоролошките прогнози кои предвидуваат сушно лето, нагласи Новески.
Случаите на појава на пожари на отворено во кои беа зафатени површини од два, односно четири хектари беа повод за денешната прес-конференција во Националниот парк, за уште еднаш да се апелира до јавноста да се почитуваат законските забрани за палење оган на отворено и да се спречат несакани последици од појавата на пожари.
Последните случаи на шумски пожари во атарот на Националниот парк „Галичица“ предизвикани од несовесно однесување на поединци ги алармираше надлежните во паркот да упатат предупредување до физичките и правните лица на законските одредби кои забрануваат какво било палење на стрништа и оган на отворено, како и на високите казни предвидени за непочитување на легислативата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа