Укината одлуката за забрана на пристапот до Твитер во Турција

Административниот суд во Анкара ја суспендираше одлуката за забрана на пристапот до Твитер во Турција, која пред неколку дена ја воведе турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Одлуката беше во сила шест дена, а најавата на Ердоган дека ќе го „избрише Твитер“ предизвика остри реакции во земјата и во светот.

- Со оглед на тоа дека ова е суспензија на одлуката, во сила може да ја врати само судот, кој ја суспендираше. Затоа властите ќе мора да побараат ново мислење од судот, изјави асистентот во Центарот за ИТ политика од Принстон, Зејнеп Туфекчи.

Турскиот суд официјално го блокираше Твитер во таа земја поради „жалбите на граѓаните дека таа социјална мрежа ја крши приватноста“. 

Турскиот телекомуникациски регулатор БТК соопшти дека побарал од Твитер да повлече одредени содржини и линкови од мрежата, но тоа не било сторено.

- Бидејќи немаше друг избор, пристапот до Твитер е блокиран во согласност со одлуката на судот, со цел да се избегне натамошната виктимизација на граѓаните, се наведува во соопштението.

26.03.2014 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега