Се заоструваат воените односи меѓу Норвешка и Русија

Норвешка ги суспендираше сите заеднички воени активности со Русија што требаше да се одржат во текот на мај, поради присоединувањето на Крим кон Русија.

Норвешкото Министерство за одбрана денеска соопшти дека се откажуваат сите планови, вклучувајќи ја посетата на Норвешка на началникот на морнарицата и министер за одбрана на Русија, доѓањето на руски воени бродови во Осло по повод прославата на два века норвешка морнарица, и руското учество на еден норвешки воен фестивал.

Норвешка веќе ја откажа воената вежба со Русија и САД закажана за мај.

Министерот за одбрана Ериксен Соереиде рече дека Норвешка ќе ја преиспита својата воена соработка со Русија кон крајот на мај „во светло на развојот на ситуацијата во Украина“ и за тоа прашање ќе разговара со сојузниците на НАТО.

25.03.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега