Роднините на патниците од исчезнатиот малезиски авион на протест во Пекинг
Десетици гневни роднини на патниците од исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија денеска протестираа пред Амбасадата на Малезија во Пекинг.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораките „Сакаме да ја дознаеме вистината“ и „Зошто не терате да чекаме толку долго“.
Околу 200-те гневни лица врз Амбасадата фрлаа пластични шишиња со минерална вода и се обидоа да ја искршат влезната врата, скандирајќи „измамници“.
Според западните медиуми, дошло и до судири меѓу демонстрантите и силите на редот.
Кина од Куала Лумпур побара целосна информација и доказите поврзани со исчезнувањето на авионот, што, според малезиските власти, се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа