Маж пронајден починат во стан во Велес - телото дадено на обдукција

 


Шеесет и шест годишниот Т.Б од Велес вчера бил пронајден починат во неговиот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Истакна дека  Итна медицинска помош во 19.20 часот случајот го пријавиле во Сектор за внатрешни работи Велес и бил извршен увид од увидна екипа.

Од СВР Велес информираа дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот велешанец било дадено на обдукција.

31.07.2025 - 15:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега