Дознајте ги најголемите заблуди за аналниот секс

Додека некои жени признаваат дека уживаат во анален секс, на многу овој секс им е табу тема, најверојатно поради тоа што веруваат во најголемите заблуди околу истиот.
 
Сексологот и брачен советник Кат Ван Кирк, допрела некои од најголемите заблуди за аналниот секс и открива што е вистина, а што не е.
 
Заблуда: Ќе ве боли
Вистина: Аналниот секс не мора да биде болен. Сепак, почетниците честопати го практикуваат погрешно па затоа им е болен. Многу жени признале дека аналниот секс им приуштил неверојатно задоволство, а некои од нив доживеале и оргазам за време на анален секс. Ако парот го изведе на правилен начин, кој вклучува многу лубрикант, опуштеност, нежност и без брзање, нема да има простор за болка.
 
Заблуда: Ако еднаш болело, секогаш ќе боли
Вистина: Пробавте да имате анален секс но ве болеше и сега веќе никогаш нема да го практикувате? - Не морате да се откажете од нешто само поради едно негативно искуство. Најголемиот број негативни искуства за време на анален секс се токму поради фактот што партнерите не ги следат упатствата. Значи, само полека, без брзање и задолжително користете лубрикант. Постои и еден трик кој ќе ви помогне да се опуштите - стимулација на клиторисот.
  
Заблуда: Само "лесните жени" практикуваат анален секс
Вистина: Мајверојатно сте слушнале дека само оние "немирните" девојки или девојките со низок морал го практикуваат ваквиот секс. Меѓутоа, различни истражувања покажале дека аналниот секс го практикуваат многу хетеросексуални двојки. Во прашање е природата на љубопитност за сопственото тело и различните видови на уживање.
 
Заблуда: Аналниот секс може да го спаси сексуалниот живот на парот
Вистина: Постојат мажи на кои аналниот секс им причинува најголемо сексуално задоволство и би направиле се за нивната партнерка да се согласи на идеата. Жените кои се одлучуваат на тој потег го прават тоа само бидејќи мислат дека токму тоа ќе им ја спаси врската и дека нема да уживаат во таквиот секс. Тешко дека аналниот секс е тоа што ќе ја спаси вашата врска, очигледно во неа имате многу поголеми проблеми.
 
Заблуда: Не треба да користите кондом при анален секс
Вистина: Многу луѓе мислат дека не треба да користат кондоми при анален секс бидејќи не постои опасност од несакана бременост. Погрешно, многу погрешно! Најголемиот број на сексуално преносливи болести се пренесуваат токму преку анусот (кламидија, гонореја, ХИВ-СИДА).
 
Заблуда: Аналниот секс може да предизвика штета
Вистина: Практикување на било каков секс на погрешен начин може да предизивика штета. Доколку вагината ви е сува и не користите лубрикант може да дојде до повреди за време на сексот. Истото може да се случи и при анален секс, доколку не се практикува на правилен начин. Лубрикантот е задолжителен!
 
Заблуда: Анусот ќе се рашири
Вистина: Исто како што и многумина веруваат дека вагината се шири по породување, што е заблуда, така и многумина мислат дека анусот се шири по аналниот секс. Тоа не може да се случи.
 
Извор/Точка.мк
19.03.2014 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега