Поранешниот вереник на Хурем: Таа е психопат, не е нормална!
Поранешниот вереник на Меријам Узерли, Кан Атес кој ја остави веднаш кога остана бремена, а откако актерката се породи тој сака да ја превземе родителската грижа и да го преземе старателството на неговата ќерка. Тој покрена судска постапка за како би успееал во таа намера.
Актерката веќе месец дена одбива да го запознае Кан со неговаат ќерка и не му враќа на неговите позиви.
- Очигледно прерано престанала со лечење, таа е возрасна жена која не е способна да ги стави настрана љубовните проблеми и да соработува поради доброто на детето, „не е нормална и здрава“, изјавил Кан.
Меријам дури и му се заканувала на поранешниот вереник дека ќе го пријави во полиција доколку дојде во Германија и се обиде да ја види ќерката.
- Признавам дека се уплашив и дека бурно изреагирав, немав среќа во љубовта и се плашев сам да ја превземам одговорноста, но и јас имам парво на грешка. Својата грешка ја признав и не заслужив ваков третман, изјави бизнисменот Кан за турските медиуми.
Тој додаде дека проблемите со актерката сака да ги реши што е можно побрзо додека неговата ќерка е се уште мала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа