Малолетник убил 55 годишен маж - барал орално да го задоволува
Малолетник од Крушевац, Србија со метална шипка убил 55 годишен маж откако од него барал сексуално да го задоволи. Како што јавуваат српските медиуми, телото на 55 годишниот Јовица А. од Крушевац, пронајдено е утрово на локалните гробишта. Малолетникот веднаш бил приведен во полиција. Тој го признал убиството и навел дека мажот од него побарал орално да го задоволува, по што зел метална шипка и го удрил неколку пати по главата.
Инаку, како што пишуваат српските медиуми, малолетникот од порано и бил познат на полицијата. Тој бил приведуван за ситни кражби а за него била известена и српската служба за социјални работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа