Москопулос : Грција ќе го признае Косово

Во интервју за приштинскиот весник „Коха Диторе“ шефот на Канцеларијата за врска на Грција во Косово Димитрис Москопулос изјави дека Грција ќе го признае Косово не затоа што го смета за регуларна држава, туку поради интерес на мирот и стабилноста во регионот.

Москопулос додаде дека сите земји од ЕУ треба да го признаат Косово.

Весникот наведува дека Москопулос истакнал дека Грција го сака Косово во Европската унија и дека е за тоа политички да го признаат сите земји членки на ЕУ.

- Кога велиме дека сакаме Косово да влезе во ЕУ, тоа значи дека сакаме Косово да го признаат сите земји од ЕУ. Кога тоа ќе се случи и кога ќе дојде до признавање, не знам, изјави Москопулос во интервју за весникот „Коха диторе“.

19.03.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа