Работилница за контрола на кучињата скитници
Денеска во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе е одржи Работилница за контрола на кучињата скитници.
На работилницата ќе бидат претставени европските искуства за контрола на популацијата кучиња скитници, а стручни лица ќе ја презентираат сосотојбата со болестите на бездомните клучиња. Ќе стане збор и за нациопналното законодавство кое ја регулира оваа материја, а ќе бидат пренесени и препораките од Меѓународната организација за заштита на животните за заштита на популацијата на кучињата скитници.
Работилницата ќе ја отвори заменик директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Абдулезел Догани.