Николиќ: Србија има јасни барања за Србите во Косово
Првиот човек на Србија, Томислав Николиќ истакна денеска дека на осмата рунда од дијалогот со Приштина во Брисел ќе присуствува и потпретседателот на Владата Александар Вучиќ
Тој посочи дека минимумот на што ќе биде побарано на средбата се судовите и полицијата за Србите во Косово.
Додаде дека тоа нема да биде лесно бидејќи треба да се одреди кој минимум барања треба да ги задоволи двете страни.
- Нашите претставници нема да одат под барањето граѓаните од заедницата на српски општини да одлучуваат за судството и полицијата и тоа без присуство на војската, наведе Николиќ.
Тој истакна дека Србија не сака да поставува ултимативни барања кои би значеле исполнување на Уставот и законите на Србија, но и да не прифаќа ултиматими.