Ќерките слаба точка на секој татко!
Синовите се миленици на мајките, а ќерките на татковците. Сите често сме ја слушнале реченицата на гордиот татко „Ќерката на тато“, па затоа не ретко девојчињата завршуваат со партнери многу слични со неговите татковци.
На секој татко целта во животот му е безбедноста на неговото мало девојче. Затоа жените секогаш сакаат да се во безбедни раце, затоа бараат партнер кој ќе им овозможи да бидат она што сакаат и кој ќе ги заштитува од се. Затоа партнерот кој е способен да ја заштити од секаква тага е оној кој ја потсетува на тато и кој ќе го освои нејзиното срце. Тие се трудат да го обезбедат најдоброто за своите ќерки, а со тоа им прават компликации при изборот на иден партнер. Жените сакаат да се независни и сами да го заработуваат својот леб, но сакаат да имаат и партнер кој ќе им даде бескрајна емоционална и морална поддршка, но и кои ќе им биде поттик за напредок и остварување на секоја зацртана цел.
Првиот маж кој и покажал љубов, грижа, нежност, безбедност на секоја девојка е токму таткото. Токму затоа девојките бараат партнер кој ќе може да им го обезбеди истото ова, со еден збор да биде копија на тато.
Жените сакаат да се чувствуваат посебно, да бидат центар на нечие внимание и да бидат опсипани со подароци. Татковците ги гледаат своите ќерки како мали принцези и им го исполнуваат секој сон, затоа мажите кои ќе може да држат чекор со овие принцези ќе останат долго во нивното срце.
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа