ЕУ ќе и помогне на Украина со 11 милијарди евра

 

Колеџот на комесари на Европската комисија, утринава усвои пакет со вкупна помош од 11 милијарди евра за Украина, што Европската унија ќе и ги даде на поранешната советска република во следните неколку години, со цел економско закрепнување на оваа држава, јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Комисијата веќе има мисија во Украина која ги проценува потребите на земјата. Колеџот на комесари на ЕК, денеска одлучи да прелдожи пакет за помош на Украина, за кој земјите-членки ќе одлучуваат на утрешнито вонреден состанок на шефовите на државите и владите во рмаки на Европскиот совет. Овој пакет може да даде најмалку 11 милијарди евра во следните неколку години од европски буџет и меѓународни финансиски институци, како поддршка на украинска влада и нејзината нпосветеност на реформите - истакна Барозо, претседателотот на комисијата на прес-конференција.

ЕУ-пакетот за финансиска помош на Украина се состои од непосредни караткорочни и среднорочни мерки, за трговска, економска и финансиска помош. 

- Во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде ЕУ и земјите-членки се мнозински сопственици, ќе се одлучи како за понатаму да се помогне со уште пет милијарди евра на Украина, при што земјата ќе добие 250 милини евра од проектот за добрососедство и 3,5 милијарди евра за кредити и проекти за вложувања. Исто така, со помош на меѓународните финансиски институции, даваме прелдог за одржување на посебен донаторски координаторски механизам, на кој ЕУ ќе биде домаќин во Брисел, додаде Барозо, пренесе МИА.

Колеџот на комесари на Европската комисија, на денешниот состанок изразил шокираност од настаните во Украина, потсетувајќи се дека мирот не може да биде нешто што е само по себе разбирлива работа. Според нивнио залучок, овие настани потсетиле колку е застарена логиката на судири која треба да се замени со почитување и соработка.

- Нашата порака останува, а таа е дека украинскиот народ сам треба да одлучи за својата иднина, нивната слобода да е загрантирана, а територијалниот интегритет - почитуван. Главни приоритети се да се придонесе за мирно решение на кризата и очекуваме сегашните мерки за спречување на ескалацијата да се спроведат. Мора да водиме политички дијалог во рамки на украинскиот Устав и со почитување на правата на сите украински заедници и граѓани. Затоа го поздравуваме дијалогот меѓу Москва и Киев и се надеваме дека никој нема да биде против меѓународните посматрачи на Крим - го пренесе претседателот на ЕК, Барозо, ставот на неформалната Влада на Европската унија.

05.03.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега