Стивен Сигал заедно со Путин против Кличко
Познатиот актер Стивен Сигал кој во јавноста е добро познат како голем пријател на претзседателот на Русија Владимир Путин, рече дека во последно време имало многу реторика за состојбата на украинскиот полуостров Крим, но дека во САД не се слушнало за руската страна.
-Мислам дека не станува збор за тоа дека не коментираа, туку дека овде никој не ги слуша. Потребни ни се луѓе кои имаат широка слика, од аспект на она што е најдобро за Украина и Русија, а не само она што е најдобро за Европа.
Треба да имате во предвид дека отповиканата влада во Украина, беше демократски изберена. Одеднаш се појавија насилници со молотови коктели и започнаа да го палат градот, нагласи Сигал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа