Прекинато судењето на Писториус

 

Судењето на параолимпиецот Оскар Писториус беше прекинато поради што една телевизија во Јужна Африка објавила фотографии од заштитниот сведок, професорката Мишел Бургер.

Таа била повикана да сведочи за кобната ноќ која се случи минатата година. Таа на судењето изјавила дека слушнала гласови и пукање.

- Во куќата се случуваше нешто ужасно,девојката вриштеше а тој викаше помош.

Но нејзината изјава е спротивна од на Писториус на која кажал дека само тој викал бидејќи верувал дека има натрапник во неговиот дом.

Оскар призна дека на Денот на вљубените ја уби својата девојка Рива Стинкеп, но изјави дека тој погрешка го направил тоа бидејќи мислел дека во неговата куќа има крадец. 

05.03.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега