Путин: Јанукович да почне преговори со опозицијата за да се запре крвопролевањето

 

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович бил убеден од рускиот претседател Владимир Путин да потпише договор со опозицијата на 21 февруари и тоа се случило по молба на американскиот претседател Барак Обама, објави денесјка Комерсант повекувајќи се на дипломатски извори.

Весникот наведува дека во телефонски разговор Путин го повикал Јанукович да не воведува вонредна состојба и да почне преговори со опозицијата за да се запре крвопролевањето.

– Да влијае врз Јанукович, Путин бил замолен од Обама како и лидерите на Германија, Франција и Полска. Тие од своја страна му ветиле на Кремљ дека ќе влијаат врз украинската опозиција да ги исполни сите точки од договорот, вели изворот за Комерсант.

– Јанукопвич ги исполни сите свои обврски додека опозицијата не исполни ништо. Сега ЕУ и САД не прозиваат да гледаме во иднината и да изгледаме како да не се случил никаков договор. Но, за тоа нема да се согласиме, изјави изворот.

Коментирајќи ја изјавата на Меркел дека Путин се согласил за формирање меѓународна комисија за решавање на ситуацијата на Крим под покровителство на ОБСЕ, тој вели дека Германија „го гледа само она што сака да го види“.

– Постои стравување дека се обидуваат да не вовлечат во сите можни рамки за да се легализира сегашната украинска влада. Подготвени сме да продолжиме со дијалогот со нашите западни партнери, но само ако се вратат на договорот од 21 февруари, а во преговарачките процеси да учествуваат сите политички сили на Украина, наведува изворот.

Комерсант додава дека Москва нема да инсистира на враќање на власта на Јанукович, но ќе бара министерски функции да добијат и членови на Партијата на регионите.

05.03.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега