„Не се срамам дека глумам во порно филмови“ - исповед на една студентка

 

Исповед на една студентка на Универзитетот Дјук зошто таа снима порно филмови. - „Зошто? Одговорот е едноставен. Моето семејство не може да си дозволи да ми плаќа школарина од 60.000 долари годишно. Јас во ова видов шанса да ги остварам своите соништа, да го работам тоа што го сакам, во тоа уживам“, пишува анонимната студентка.

Таа додава дека воопшто не се срами од својата работи и мрази кога лушето ја дискриминираат.

„Не верувам дека после студирањето ќе прекинам со снимање порно филмови. Не сакам ни да работам за некој кој ги дискриминира сексуалните работници. Не ми е срам од мојата работа. Тоа сум јас. Но, не сакам поради тоа да биде нарушена мојата интима. Мојата приватност трпи многу поради сето ова, а тоа не ми беше намерата. Ова го пишувам и објаснувам бидејќи не сакам да го откриете моето име. Тоа заслужува да остане во тајност, бидејќи е приватност“.

За „Duke Chronicles“, студентскиот магазин, таа изјави дека не се плаши од јавно понижување, но изненадена е што нејзините интелектуални способности се доведени во прашање, а исто така е изложена и на онлајн малтретирање.

„Немаат сите жени позитивно искуство со оваа работа. И нив треба да ги сослушаме. Тие имаат свои легитимни кариери, без разлика што мислат луѓето за нив. Тие не се проститутки, туку жени кои работат. За мене снимањето е неизмерно задоволство. Кога ќе завршам со сцената, знам дека сум завршила чесна работа“, објаснува девојката која се декларира како успешна и среќна бисексуална. Наведува и дека е потполно свесна за својот живот, улогата и осудата од јавноста.

04.03.2014 - 20:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега