Крим со руска помош најави апсења
Премиерот на Автономната Република Крим, Сергеј Аксјонов, денеска предупреди дека сите оние кои се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата на Крим ќе се соочат со приведувања и апсења.
Ова е предупредување до оние кои сакаат да се спротивстават на начин што ќе употребат оружје, рече Аксјонов.
Тој истакна дека безбедносните сили и полицијата ќе употребат сила против таквите, пренесе Итар-Тасс.
-Оние кои се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата ќе се соочат со притворања и апсења, наведе Аксјонов.
Аксјонов беше поставен на должноста премиер откако вооружени сили го зазедоа Парламентот на Крим. Тој вчера побара помош од претседателот на Русија Владимир Путин во обезбедувањето на мирот и спокојот на Крим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа