Лекарите шокирани - маж се мачел шест месеци откако го каснал пајак па починал
Роналд Рис од Америка цели шест месеци се мачел откако го гризнал пајак, а потоа и починал.
66-годишниот Американец минатата година бил во својата куќа на Флорида и додека ја чистел случајно пајак го каснал за вратот. Човекот умирал бавно и во агонија цели шест месеци.
Веќе следниот ден човекот не можел да дише, а лекарите не можеле да откријат што му е. Му давале најразлични лекови, но за жал, ништо не му го спасило животот.
- Имаше ужасни болки. На крајот ги молеше сестрите да му дадат нешто за смирување. Сега конечно се реши од маките, вели неговиот 88-годишен татко.
02.03.2014 - 12:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа