Украдени позлатен крст и света книга од црквата „Св. Пантелејмон“

 

Од 23 до 27 месецов била ограбена уште една црква во Македонија. Овојпат се работи за „Св. Пантелејмон“ во Маврово каде непознат сторител го скршил цилендерот од бравата и влегол и одзел 3.500 денари, позлатен метален крст и света книга.

 

Крадецот направил штета од 10.000 денари.

Полицијата работи на случајот.

28.02.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега