Религиски форум по повод 10 години од смртта на Борис Трајковски
Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска во Скопје организира религиски форум „Верата на лидер кој и служи на нацијата“.
Форумот се одржува по повод 10-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.
На форумот најавено е присуство на верските лидери од петте верски заедници во државата, како и на околу 50 видни домашни и странски гости.
25.02.2014 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа