Русија ќе ја зголеми царината за украинските производи ако Киев се приближи до ЕУ

 

“Ние и кажавме на Украина: Се разбира дека имате право да го изберете својот пат. Но, во таков случај ќе бидеме принудени да ја зголемиме царината за увоз, бидејќи постои опасност Украина да стане влезна врата кон Русија за европските производи, кои го преземаат пазарот” изјави  рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.

Тој предупреди дека Русија ќе ја зголеми царината за украинските производи, ако Киев се приближи до Европската унија додавајќи дека Киев не може да остане силен партнер на Москва и во исто време да потпише договор за асоцијација со ЕУ.

Уљукаев демантираше дека политичката ситуација во Украина негативно ќе влијае врз руската економија.

24.02.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега