Ги прочитала пораките на ќерка си и се шокирала- еве зошто
Шона Сибари e мајка на 13 годишната Ени. Шона пред извесно време доживеала непријатно изненадување кога ги прочитала пораките во мобилниот телефон на својата ќерка.
Слободно изразување и разговори полни со сексуална содржина се дел од секојдневната комуникација на девојчето со нејзините врсници.
Шона до пораките на нејзината ќерка така што таа и нејзиниот сопруг вградиле апликација за да стигнуваат пораките од мобилниот на Ени и кај нив.
После долго размислување дали да го направи тоа или пак да не се меша во приватноста на керка си, Шона сепак се решила за таков чекор и после кратко време се шокирала од пораките кои и пристигнувале на малата Ени.
Едно момче и' напишало на Ени -"Засрами се што не доаѓаш во сабота на забава, носам со мене кондоми".
После ова откритие следат пораки со пцуења и се дознава дека 13 годишната Ени меѓудругото и пуши.
Дали си пушач? - ја запрашал пријателот Ени. Таа му одговорила дека е нормален пушач, но не пушач на други работи.
Останатите пораки биле со јасни знаци за повици на секс.
"Дали ти се допаѓам? Така би те ... " - гласела една од нив.
Шона сфатила дека како родители имаат две можности, или да ги затворат очите пред реалноста или да се соочат со истата.
Колку да е страшно она што го дознала, Шона сепак ја открила вистината.
Кога Ени дознала дека нејзините родители знаат како таа се допишува со своите пријатели бурно реагирала жалејќи се дека е загрозена нејзината приватност. Родителите не попуштиле и и' поставиле услов за користење на мобилниот телефон по кој мора да се придржува.
За крај, иако безначајно, имало многу граматички грешки во пораките кои ги пишувала Ени, а и во тие кои ги примала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа