Херман Ван Ромпуј: Договорот во Украина е неопходен компромис за да се започне политички дијалог!

 

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј го поздрави денеска постигнатиот договор меѓу украинските власти и опозицијата, предупредувајќи дека е време од зборови да се премине на дела.

- Договорот е неопходен компромис за да се започне политички дијалог, кој претставува единствен мирен и демократски пат за излез од кризата, која веќе однесе премногу човечки животи, истакна Ван Ромпуј.

Тој ги пофали посредничките напори на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и европската министерска „тројка“, но му изрази благодарност и на специјалниот пратеник на рускиот претседател, омбудсманот Владимир Лукин.

Ромпуј додаде дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина, предупредувајќи дека е веќе дојдено време двете страни да преминат од зборови на дела за да обезбедат мирна и просперитетна иднина.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата денеска во присуство на европските посредници потпишаа договор за излез од политичката криза и прекин на крвавите протести во земјата. 

21.02.2014 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега