Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија
Клиниките за неврологија и за кардиологија добиваат нови директори. Д-р Игор Кузмановски ќе раководи со Клиниката за неврологија, а д-р Даница Петкоска Спирова со Клиниката за кардиологија.
– Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова. Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од 7.8.2025 (четврток) – посочуваат од Министерството.
Станува збор за доктори со долгогодишно искуство.
Др. Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година.
Завршува медицински факултет на државниот универзитет Кирил и Методи-Скопје со прпсечна оцена 9.12. Положил специјалистички испит по предметот Неврологија 2002. Докторирал 2016 и е актуелен професор на медицински факултет Скопје.
Д-р. Даница Петкоска Спирова е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.
Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со звањето Доктор по медицински науки со фокус на Кардиологијата, поточно во полето на инвазивни техники во третман на каротидната артериска болест, за која има бројни предавања на интернационални стручни и научни конгреси. Од 2011 година е вработена на Универзитетската Клиника за Кардиологија каде што ја применува својата експертиза во напредни дијагностички и терапевтски процедури. Д-р. Петкоска придонела за оваа област со бројни публикации во рецензирани списанија со висок импакт фактор и е учесник во повеќе интернационални научни студии од областа на Кардиологијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа