Македонската музичка сцена тагува - почина македонски рок музичар и пејач

 


Македонската рок сцена денеска тагува по заминувањето на Петар Исиров - Пјотр, познат како Перо Кокер, кој почина во Скопје. На социјалните мрежи, многубројни колеги и пријатели се простуваат од музичарот кој повеќе од три децении ја славеше музиката на својот идол, Џо Кокер.

Пјотр беше активен во ноќниот живот на Скопје, настапувајќи во клубови и кафулиња со различни бендови. Имаше издадено и неколку авторски песни. Неговиот уникатен глас и посветеност на музиката на Џо Кокер беа толку впечатливи, што оние кои биле на неговите концерти велеа дека лесно може да се помеша со настап на вистинскиот Кокер.

Еден од неговите најзначајни настапи беше минатата година, кога во склоп на „Котон блуз фестивал“ го славеше делото на својот идол со деветчлен бенд.

08.08.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега