Ова е вистинска љубов- починале во болница држејќи се за раце

Трогателна фотографија која го обиколи целиот свет и приказна која добре до милион срца. Флорин и Ед Хејл биле во брак цели 60 години, а летово со голема прослава го одбележале овој јубилеј.

Нивната голема љубов ја крунисале со брак  во 1953 година, а оттогаш биле неразделни во текот на овие шест децении, па така останало и на смртната постела.

На 7 февруари, по краток престој во болница, 82-годишната Флорин починала држејќи се за раце со својот сопруг.

Само неколку часа подоцна и 83-годишниот Ед и се придружил на саканата и го напуштил овој свет.

21.02.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега