Пајет: Вашингтон не го поддржува барањето на опозицијата за оставка на Јанукович

Aмериканскиот амбасадор во Украина,Џефри Пајет изјави синоќа дека Вашингтон не го поддржува барањето на украинската опозиција за оставка на претседателот Виктор Јанукович.

“Нашиот став е дека претседателот Јанукович треба да ја изведе државата кон нова иднина и тој треба тоа да го направи со формирање нова влада, измени во Уставот и воспоставување политички мир”, нагласи американскиот дипломат.

За да се обнови мирот во Киев како што вели тој неопходни се санкции за виновниците за крвопролевањата а во новата технократска влада да влезат како претставници на опозицијата така и претставници од владејачката Партија на регионите.

21.02.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега