ВИДЕО: Крвав ден во Украина- 10 мртви цивили, демонстрантите зазеле хотел и пукаат со снајпери наоколу

 

Протестите во Киев ескалираат. Битката за Киев на Плоштадот на независноста се разгорува а демонстрантите се судриле со безбедносните сили.

Вооружените демонстранти го зазеле хотелот Украина, заробувајќи ја екипата на РТ внатре, и пукаат од прозорците кон луѓето надвор и кон екипата на Раша тудеј што се обидувала да го сними разгорувањето на насилството на киевскиот Плоштад на независноста.

Полицијата јави дека повеќе од 20 полицајци се повредени со снајперски оган.

Полицијата фрла солзавец за да ги смири демонстрантите.

20.02.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега