Куче ги шокираше лекарите - успеало да преживее откако монструми го искасапиле со секира

Монструми од Ниш со секира искасапиле осуммесечно кученце кое шетало на улица. Според податоците од српските медиуми, кученцето останало без левото око, левата шепа и дел од главата, но за среќа успеало да преживее.

Сопственикот на кученцето се сомнева во соседите на кои кучето им пречело. Тој вели дека кучето не преставувало никаква опасност за околината.

- Ова е домашно куче. Никогаш не лаел ни на други кучиња, а за луѓе да не зборуваме. На никого не му правеше проблеми, вели сопственикот за српскиот Курир.

Со оглед на тешките повреди со кои се здобило кучето, лекарите се шокирани како воопшто успеало да преживее. Сега ќеостане под грижа на лекарите, додека целосно не се опорави од хоророт кој го преживеал.

20.02.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега