Полицијата демне - пајакот прави „парче"

Пајакот и вчера направи парче на улиците низ Скопје. Со помош на специјалното возило беа отстранети 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и пет пешаци коишто не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци за пешаци. Исто така откри и санкционира пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и 11 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Се случиле девет сообраќајки во кои има три повредени лица.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани – учесници во сообраќајот кои сториле прекршок во својство на пешаци.

20.02.2014 - 09:22
Фото: 
лидер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега