Опасната игра на Интернет ја зеде петтата жртва
Играта на опивање „Некноминејт“ (Neknominate), која во последно време е многу популарна на Интернет, однесе нова жртва.
Рагби играчот, Бредли Ејмс почина откако испи еден лигар мешавина џин и филтер кесичка чај.
Бредли Ејмс од Нотингем во Англија објави видео од себеси на Фејсбук, каде се слуша како вели „Вака се пие“, и потоа пие еден литар сомнителна течност.
Четири дена подоцна тој е пронајден мртов.
„Некноминејт“ е игра која стана популарна во Австралија, но по пат на Интернет се прошири во целиот свет. Ова е веќе петта смрт во последниот месец која се поврзува со ова опасна Интернет игра на опивање.
Некноминејт е игра која потекнува од Перт во Австралија. Најчесто младите луѓе се предизвикуваат еден со друг да пијат ненормални количества алкохол или необични комбинации. Потоа треба да извршат некој предизвик. Тоа сето го снимаат, а потоа видеото го ставаат на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук.
17.02.2014 - 21:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа