Франсоа Оланд со се понизок рејтинг

 

Рејтингот на францускиот претседател Франсоа Оланд продолжува да паѓа и за еден месец таа се намали од 22 на 20 отсто задоволни Французи од работата на нивниот претседател.

Според барометарот на ИФОП за весникот „Журнал ди диманш“, 79 отсто од Французите изјавиле дека не се задоволни од работа на Оланд, додека еден отсто не се изјасниле.

Истовремено премиерот Жан-Марк Еро е во поповолна ситуација, со 26 отсто позитивно мислење за неговата работа и 71 процент незадоволни, додека три отсто не се изјасниле.

17.02.2014 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега