Адриано повторно на фудбалските терени

Некогашната ѕвезда на Парма, Фиорентина, Интер и Рома, напаѓачот Адриано повторно се враќа на фудбалските терени, овој пат како играч на бразилскиот тим Атлетико Параненсе. Бразилецот веќе почна да тренира за новиот клуб пред извесен период.

„Императорот како што го нарекуваат неговите фанови, кој доживеа да се најде и на врвот и на дното, во новиот клуб ќе заработува месечна плата од 30.000 евра плус бонуси од бројот на одиграни мечеви и продадени дресови и постигнати голови. 

Адриано ќе има можност за настап и во Копа Либертадорес против боливискиот тим Стронгест, натпевар кој се игра на 14-ти февруари.

12.02.2014 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега