Лани „вриело" од Грци во Македонија - Скопје најпосетуван град

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во текот на минатата година 20.290 странски туристи ја одбрале Македонија како нивна туристичка дестинација. 

Од вкупниот број странски туристи кои отствариле 41.129 ноќевања, најбројни биле Грците 3.933, потоа Бугарите 2.617, Србите 2370, Турците 1907 и Албанците 1868. Најголем дел од нив го посетиле Скопје, туристичките места во земјата 7.372, планините 4.221 и бањите 1.443.

Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека бројот на туристите во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е зголемен за 7,3 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,1 отсто.

Во текот на минатата година во однос на 2012 година бројот на ноќевањата е зголемен за 0,3 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 4,8 отсто, а кај странските има зголемување за 8,6 отсто, покажуваа податоците на Заводот за статистика. 

12.02.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега