Еве како се коментира настапот на Влатко и Есма на социјалните мрежи

Настапот на Влатко и Есма на Евровизија очекувано направи вистински бум на социјалните мрежи. Ви пренесуваме по некој коментар од facebook и Твитер

 

Секоја чест за Македонија.. Првпат пеење на ромски јазик на евровизија.. Секоја чест

Стварно се одлични!! Или ме дрмаат хормони, пошто си поплачав!!

Само ако не сте Македонец ќе кажете не е добро, а штом си Македонец ќе се наежиш и нема што друго да се коментира. Но комент, браво Есма и Лозано.

Финале на кариерата на Влатко. Секоја чест на нашата драга Есма, ама без навреда, Влатко ќе беше подобар сам да настапи.

Добри беа, амо што Влатче беше многу подобар, слатко суштество... се гледаше дека многу се трудеа.. како и да е, наши се, најдобри се.

Одлични беа, а Влатко беше совршенство.

Хахаха, финале за Есма, барем можеше да пее на македонски а не на ромски. Инаку браво за Влатко.

Никакви шанси за финале оти полоша песна Македонија немала за на Евровизија за сите овие години наназад, а тешко после оваа песна да се направи полоша

Не сум хејтер, ама ова настап на Македонија ли беше, ужас, волци да пратевме подобро ќе завиваат од Есма, ужас...

Есма сама да пееше подобро ќе беше

најчитано сега