Путин прогласен за меѓународна личност за 2013 година

Според анкетата спроведена во информативните медиуми во светот актуелниот Руски претседател Владимир Путин е прогласен за светски политичар број еден во 2013 година.

„Ворлд рејтинг 2013“ анкетираше 175 новинари на новински агенции и други медиуми во светот, а рускиот претседател доби 133 од вкупно 175 гласови.

Путин на крајот на минатата година се најде на прво место на листата на „Форбс“ на највлијателни луѓе во светот, a лондонскиот весник „Тајмс“  го прогласи за меѓународна личност за 2013 година. 

Помеѓу фаворитите се наоѓаат и папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел.

 

 

 

 

05.02.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа