Кристина Ковач: Го сакам мојот партнер,но не планирам да се мажам

Успешната кан авторка Кристина Ковач е една од најинтересните судии на популарното музичко шоу Икс Фактор. Таа во шоуто сака јасно да ги искаже своите ставови дури не и проблем да се скара со некои од судиите.

Кристина тврди дека нејзините најблиски пријатели и ги познаваат нејзините особини, а најмногу нејзиниот партнер Даниел Бракуз кој и е во се најголема поддршка. Иако таа е неколку години со својот партнер сепак не размислува повтоно да се венча, бидејќи на нив не им се битни формалностите и добро знаат дека заедно ќе бидат целиот живот. Најдобро друштво им е петгодишната ќерка на пејачката Тара, која ја доби со Игор Перовиќ, некогашниот член на групата, „Плејбој“.

- Даниел  ми е најголемата поддршка, не е себичен и никогаш нема замерки. Се прилагодува во секакви ситуации и многу ми помага околу Тара да го преброди овој период во кој најмалку сум присутна во нејзиниот живот. Многу е  стрплив и првенств ено и објаснува дека така мора да биде, дека мама мора да работи и дека таа треба да биде најсреќна дека нејизната мајка била сите овие пет години околу неа. Најмногу ми е жал кога времето ќе го поделам на Икс Фактор и на Тара за Даниел нисшто не останува, рекла Кристина.

04.02.2014 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега